Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Prijavi me trajno:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:

ConQUIZtador
Trenutno vreme je: 16. Apr 2024, 13:46:17
nazadnapred
Korisnici koji su trenutno na forumu 0 članova i 3 gostiju pregledaju ovu temu.

Napomena: Procitajte pravilnik foruma! Piraterija je zabranjena i muzicke zelje se ne ispunjavaju!

Idi dole
Stranice:
1 ... 57 58
Počni novu temu Nova anketa Odgovor Štampaj Dodaj temu u favorite Pogledajte svoje poruke u temi
Tema: Poginuo Tose Proeski!  (Pročitano 103267 puta)
Zvezda u usponu


Mas que nada

Zodijak Virgo
Pol Muškarac
Poruke 1285
Zastava Srbija
OS
Windows XP
Browser
Opera 9.24
mob
Samsung X660
ВО СПОМЕН-СОБАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА

Скулптура со ликот на Тоше Проески


Во чест на големиот духовен празник Божик, познатиот академски сликар и вајар од Струмица, Митко Ташев изработи скулптура со ликот на македонскиот пејач и добротвор, Тоше Проески. Скулптурата со божествениот лик на идолот на младите авторот ја изложи во спомен-собата на Мајка Тереза, каде што професорот по уметност во струмичката гимназија и се запознал со Тоше. На 25 јануари во спомен-собата ќе биде отворена и изложба на фотографии од хуманата мисија на Тоше и неговата активност во добротворната асоцијација во која што членуваше- Скопјанката Мајка Тереза. Посетителите ќе имаат прилика да ја видат статуата на Тоше и последното признание што тој го прими на концертот во Скопје - Наградата Мајка Тереза.

Желба на авторот Ташев е првата излеана статуа да им ја подари на родителите на Тоше, Никола и Домника Проески.
IP sačuvana
social share
Ja sam ceo zivot s' tobom
Kao mali pevao
Po skola ma se tuk'o
Tvoje ime branio
Ja jos sam JUGA deo
I ludo volim te
Sa drugovima svojim
Za tebe borim se...
Pogledaj profil
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Zvezda u usponu


Mas que nada

Zodijak Virgo
Pol Muškarac
Poruke 1285
Zastava Srbija
OS
Windows XP
Browser
Opera 9.24
mob
Samsung X660
Ако ме погледаш у очи на Тоше за три недели во Хрватска го достигна златниот тираж...
За само три недели, колку се наоѓа во продажба во Хрватска, третиот албум на Тоше Проески – Ако ме погледаш у очи, го достигна златниот тираж, бидејќи до сега се продадени 10.222 копии, јавува издавачката куќа Хит рекордс. Како што многу пати потенциравме, овој албум, објавен кон крајот на 2002. година, претставува почеток на соработката на Тоше со менаџерката Љиљана Петровиќ, а на тој начин Проески на големи порти влезе на просторите на поранешна Југославија, за да по само пет години стане несомнено најголема екс-ЈУ ѕвезда!
Издавачот Хит рекордс уште еднаш потенцира дека со стартот на продажбата на ова CD на Тоше во Хрватска, која започна во декември 2007. година, практично започна и хуманитарната кампања Додај ноту доброте, за помош на млади и талентирани музичари. Имено, приход од продажбата на овој албум оди во фондот на друштвото на Хрватски музички уметници, за помош во едукација на млади и талентирани класичари, и нивното освојување на светот на сериозната музика.
Издавачот Хит рекордс не се сомнева дека овој албум ќе се најде во полици на уште многу љубители на квалитетна музика во Хрватска, а на тој начин ќе им се помогна на уште повеќе талентирани музичари, во остварување на првите крупни чекори во нивните кариери...


Голем концерт во чест на Тоше на неговиот роденден

Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше Проески деновиве прифатило една интересна предлог-иницијатива која доаѓа од страна на Македонската телевизија. Имено, МТВ ќе реализира проект посветен на Тоше, кој ќе се емитува на денот на неговиот роденден 25 јануари. Станува збор за голем концерт.
Во обид сме да направиме проект што ќе ги поврзе сите телевизиски куќи на Балканот. Начелно, станува збор за концерт на кој ќе поканиме изведувачи од Хрватска, Србија, БиХ и другите земји од Балканот кои ќе пеат песни од Тоше, а сето тоа директно ќе се пренесува на ТВ-куќите од регионот. Иако с   уште не е прецизирано, голема е веројатноста концертот да се одржи на Сајмиште, со оглед на тоа дека Градскиот стадион е во фаза на реновирање, велат од МТВ.
IP sačuvana
social share
Ja sam ceo zivot s' tobom
Kao mali pevao
Po skola ma se tuk'o
Tvoje ime branio
Ja jos sam JUGA deo
I ludo volim te
Sa drugovima svojim
Za tebe borim se...
Pogledaj profil
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Zvezda u usponu


Mas que nada

Zodijak Virgo
Pol Muškarac
Poruke 1285
Zastava Srbija
OS
Windows XP
Browser
Opera 9.24
mob
Samsung X660
Валентина Ѓоргиевска: Да им пишуваш за Тоше, како срцето со капки мед да им го поттураш


Во изминатиов период, пишувајќи ги колуМММните кои не смееше да ни се случат, сфатив колку всушност Тоше бил наш човек, подеднакво на сите нас. Во повеќегодишната професија како весникарска новинарка, мејлови главно добивав кога требаше да се извреви за оние познати домашни евровизиски скандали и местенки или други естрадни дубари. Сега добивам премногу емотивни пораки со содржини на кои не ми даваат а да не пуштам солзи, и да не се задлабочам во искреноста и набојот со кој сте ми пишувале.
Сфатив дека во целата горчина, на читателките и читателите еМеМеМовци кога им раскажуваш за Тоше им е како да им лееш капки мед врз срцето. Објаснуваат дека го сакале заради неговата ангелска ѕвезда, дотогаш нечуено убавиот глас, убавината и сјајот, но и моќта да направи концерти секаде, и тоа толку лесно како со трепнување со око, ама најмногу од се во нив се врежала неговата боговска енергија со која Тој како да ги подигаше во состојба на нирвана. Тоше им бил шеќерот на сите Балканци!
Денес, откако ќе Ви посакам Среќна Нова 2008, ред е да отстапам место и за зборовите кои Вие ги оставивте во мојот инбокс. За Вашите спомени и за комплиментите кои му ги упатувате на делото и добродушноста на бескрајно драгиот човек. Разбирливо и зошто нема да ги истакнам вашите презимиња, освен само имињата.
Среќно во 2008!

Лејла, Сараево

...Претпоставувавм погодуваш за што сакам да Ти пишам - за Тоше. За него слушнав во далечната 2000 година, и слушнав неколку негови песни на радио, но не бев премногу одушевена. Имав пријателки кои беа луди по него, а јас не уживав премногу во  нивната Тошеманија. Се додека не ме однесоа на концерт во Сараево, 12. мај минатата година. Се сеќавам пред него настапуваа некои непознати млади таленти. Јас се досадував, пушев и им се смеев на тинејџерките околу мене. А тогаш на сцената излезе тој... Од тогаш не прекинав да го гледам и слушам. Поради него се вљубив во Македонија, научив нешто од македонскиот јазик, запознав барем три личности на форумите посветени нему, кои ми станаа блиски пријатели....
Ок, признавам поаднав на неговиот шарм и изглед, но пред се на таа енергија шо ја зрачеше од себе, и во тој глас. За жал, бев само на два концерти. Никогаш не го запознавв, ми беше срам да чекам во ред со  девојчињата за автограм. Сега ми же жал, но не се може назад. Сепак, моја најголема неостварена желба беше да дојдам на хуманитарниот декемвриски концерт. Ги прегледав снимките од барем 20 концерти, и оној во Универзална на 25. Декември, едноставно беа најубави, најтопли, најинтимни. Мојата желба требаше да се исполни оваа година. Конечно планирав да го посетам Скопје и во живо да се запознам со пријалетките кои исто така планираа да дојдат од Босна, Хрватска, Србија и Македонија. За жал ништо од сето тоа, никогаш повеќе. Поради тоа сакам да ти се заблагодарам што ги потсети луѓето на тие прекрасни концерти за вистинската суштина на хуманизмот. Ти блаогодарам  што наспроти сета општа хистерија, за Тоше поишуваш искрено и емотивно, а сепак беа патетика и лицемерство. Ти благодарам што ги критикуваш оние кои неговото име не го вадат од уста, а се поради лична корист и промоција.

Зоки - Ех Вале. Морам да ти пишам дека баш го погоди она што  ми се врти во главата и многу ме нервира. Хуманитарци? Ама какви хуманитарци човече? Имаш право кога викаш дека нетреба да се труби насекаде дека некој е хуман. Тоа и мене многу ме  нервира. Старите викаат дека ако некому му даваш нешто тогаш левата рака да не знае од десната, а не пак да излегуваш на ТВ, да се сликаш по весници и уште не знам што. Па дали е тоа хуманост? Кој ли знае какви не матни зделки се вртат околу тие хуманитарци. Со прст да мрдне човек и одма хуман станува, трагично. А за Тошка имаш право. хуманоста не е само во парите, треба да се даде љубов, надеж. Е  тоа е давање и тоа какво давање, можеби многу поголемо од ова другово.
Елена - Сите твои колуМММни посветени на нашиот АНГЕЛ (или ЛАМПИОН - како што го нарекуваш во последната колумна) ги дочитувам со солзи во очите. Не можам да останам рамнодушна на тоа што ќе го прочитам.. не знам дали е тоа од фактот дека никогаш повеќе нема да се повтори истото , или од тоа дека сето ова го имаш склопено на начин што ќе допре длабоко до сите нас.
Ели М. - Драга Валентина, не можам да Ви опишам колку ме трогнуваат Вашите текстови кои ги пишувате за нашето ангелче Тоше. Нема Ваш прочитан текст кој не ме расплакува. Истото се случи и со овој последниот за постенската марка со ликот на Тоше. За миг забораваме на оваа трегедија и на фактот дека Тосе телесно не е тука. И само да знаете тешко е... многу е тешко без него.
Андреа Ц. - Името на Бисерот мора да се памти засекогаш и да се слави неговото дело!
Соња К. - Додека го читав вашиот текст за Бисерот постојано ми течеа солзи на очите, но сепак но сепак во одреден момент се почувствував пријатно и возвишено, читајќи како вие го издигнувате нашиот ангел.
Ане - Тоше веќе го нема... Замина некаде... Некаде длабоко во нашите  спомени... А мислевме дека сеуште е рано да ги брисеме неговите спомени од земјината прашина зошто тој е наш, тука е, млад е, патиштата му се отвараат... Но, не знаевме дека зе него некој друг имал поинаков план, а  нас не не прашал...  За Тоше на сите им раскажував дека тој е нашата гордост, дека сите наскоро ќе чујат за него...
Николче Г - Пишувам едноставно со цел да ти се заблагодарам за твоите колумни на MMM.com.mk. Конкретно за колумната за Бисерот, ти благодарам за овој твој  апел да не го сквернават споменот на оној кој толку  на сите ни значи. Всушност, неговиот спомен не може да се осквернави,  меѓутоа сите овие расфрлања со валкани алишта може да повредат негови  непосредно и посредно сакани луѓе (значи сите нас). Јас не можам да се изначудам како негови блиски личности сметаат дека е во ред да  се дискутираат толку интимни работи од неговиот живот, а уште повеќе како  новинарите, се подготвени да ги изнудат и да ги објават. Јас сум згрозен од себеси што ги читам
Драгана - ...Се уште постојат луѓе кои од го ценат она што нашиот БИСЕР го направи за нас.
Цветанка - ...Те молам од дното на срцето никогаш да не го заборавиш и да не дозволиш и другите да го заборават, такашто секогаш во иднина да пишуваш за него вакви статии. Статии во кои ќе ги кажуваш сите убави работи за нашето ангелче, зашто треба барем ние лично што го познававме да ги споделиме оние убави мигови и впецатоци од него и со останатите кои ја немале таа привилегија лично да го видат, гушнат и да ја осетат таа негова чудна енергија! Уште еднаш те молам немој да го заборавиш и секогаш да го потсетуваш овој народ каква чест имаше да живее со најмилото и најубавото дете на овој свет!

Тања - Вообичаено не контактирам со луѓе кои лично не ми се пријатели или пак соработници , но откако го прочитав твојот текст на MMM.com.mk морав да ти заблагодарам од името на моето семејство. Со овој твој текст го прикажа нашево вредно пчеличе во вистински светло, вистински пример како треба нашите деца да ги воспитуваме и да ги научиме да се борат за сето онаа што сакаат да го постигнат. Тој беше убавината и ведрината во нашиот дом! Јас и мојот сопруг сме родители на младо момче со свои 8 години  и верувајте колку многу журки сме си правеле со песните на Тошенце, а син ми знаеше по десет пати во денот да ја пушта Ледена и да скока по мебелот при што страда и нашата спална , но како да ви кажам Тошка беше на прво место.
А уште повеќе кога во еден случај го сретнавме на улица и го изгушкавме и го избацивме , а верувај тој реагираше како да ни е некој роднина којден од странство па како да се немавме видено со години а не како тотални странци. Замислете некоја женичка со мало дете покрај себе среде улица ве грабнува да ве гушка и бакнува и малото мајмунче да ви се беси околу врат и да те тера да запееш некоја песна! Ти пишувам со молба да ако можеш овој твој текст да го објавиш во некој од дневните весници за да се знае дека има луѓе кои го сакале и сеуште го сакаат тоа младо фиданче од Крушево како свое барем за мене и моето семејство сме го чувствувале како свое. Го исплачевме и сеуште кога ќе го видиме на тв или го чуеме на радио солзите сами ни одат. Ти благодарам за одбраната како што викаш на нашето Бисерче. Лиле е борец но ќе треба време долго за да застане на нозе и да престане да се напаѓа една личност која за само 5 години направи и за народот и за оваа мала држава повеќе од сите големи и звучни имиња од политикава а и од другите области.

Бебе - …Нон-стоп плачам и си викам Џабе е, освести се го нема веќе. Ма како не знам зошто плачам, знам и тоа многу убаво. Затоа што кога ти ги читам колумните исто како јас да сум ги пишала. Ми ја доловуваш секоја мисла, секоја желба за него, секој спомен и сето тоа удира во срце кога читам, и ми се појавува една грутка во грло коа што моментално се обидувам да ја проголтнам ама некако не ми иде од рака. ..Стигнав на едно метро до него и изустив едно Тоше може ли... и тој милиот се заврте и ми се насмевна, а јас уште не ни завршена реченицата тргнав да бегам. А тој срце тргна по мене ми вика Можи, како не можи, ела ваму ајде. Солзи почнаа да ми се тркалаат по лице и го гушнав. А тој само Срце, душичка, колку ве сакам мили мои. После тоа, ништо не памтам од средбата... Стварно имам многу место во моето срце, а Тоше го окупира поголемиот дел. Сум преболела многу работи во мојот живот, но него не! И те оставам со неколку стиха од мене за него: Пеам, додека солзи полека лијат, се смеам, за тага да скријам, и скрстувам раце се обраќам кон небото, само едно барам, Боже чувај го од зло!
Соња З. - Јас сеуште неможам да се опоравам од загубата и навистина незнам како понатаму без него. Остануваат само преубавите спомени на него и неговиот ангелски глас.
Кате Т. - Иако на Вашите колумни за Тоше се убивам од плачење, сакам да Ве замолам никогаш да не престанете да пишувате за НЕГО... Ве молам!
Димче - Тоше - најдоброто од Македонија на денешнината!...
IP sačuvana
social share
Ja sam ceo zivot s' tobom
Kao mali pevao
Po skola ma se tuk'o
Tvoje ime branio
Ja jos sam JUGA deo
I ludo volim te
Sa drugovima svojim
Za tebe borim se...
Pogledaj profil
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Zvezda u usponu


Mas que nada

Zodijak Virgo
Pol Muškarac
Poruke 1285
Zastava Srbija
OS
Windows XP
Browser
Opera 9.24
mob
Samsung X660
Во Хрватска во 2007. година, Тоше ги урна сите
рекорди на популарноста и на продажбата




Македонската музичка гордост, легендарниот Тоше Проески, момчето кое прерано ја испеа Зајди, зајди, по што го сплоти дивиот Балкан, изминатава година ги урна сите рекорди на популарноста и продажбата на албуми во Хрватска. Како што не известија од неговата издавачка куќа Хит рекордс од Загреб, албумот Игра без граница од август до Нова година е продаден во тираж од 40.000 примероци, а насловната тема од CD-то, авторско дело на Мирослав Рус, се искачи на првото место на сите значајни радио-станици во Хрватска. Освен тоа, темата Игра без граница се уште е цврсто на врвот на хрватскиот Топ 20, кој веќе ја прогласи и за песна за изминатава година, а Тоше за најдобар пејач.   Патем, Тоше е и единствениот пејач во Хрватска кој на годишната национална топ-листа, меѓу првите 20 се најде со три свои песни – Игра без граница е прва, Вежи ме за себе ја држи третата позиција, а Убијаш ме уснама 15-то место.
Како што веќе известивме, во избор на хрватскиот Медиа сервис Тоше е избран за пејач на 2007. година, а според анкетираните на порталот Дневник.хр тој е и личност на годината во Хрватска.
Веста за големиот успех на последниот албум на Тоше ни ја потврдија и од Хрватска дискографска удруга. Имено, на единствената топ-листа на сите музички изданија кои се продаваат во Хрватска, Игра без граница се најде на првото место, многу пред албумот Било једном у Хрватској на Томсон. Но, успехот продолжува и со другите проекти на Тоше, па албумот Божилак, според продажбата, во Хрватска се најде на 19-то место, а Пратим те е 26-ти.
Колку за илустрација, албумите од кои многу се очекуваше во Хрватска – Завичај на Здравко Чолиќ, Ледено доба на Вана и Душа Сарајева на Црвена јабука, тотално кикснаа, и според продажбата се најдоа на 42, 44-то и 50. место.
IP sačuvana
social share
Ja sam ceo zivot s' tobom
Kao mali pevao
Po skola ma se tuk'o
Tvoje ime branio
Ja jos sam JUGA deo
I ludo volim te
Sa drugovima svojim
Za tebe borim se...
Pogledaj profil
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Zvezda u usponu


Mas que nada

Zodijak Virgo
Pol Muškarac
Poruke 1285
Zastava Srbija
OS
Windows XP
Browser
Opera 9.24
mob
Samsung X660
Нови песни и спотови за кои никој не знаел,
откриени на приватниот ај-под на Тоше!?!



Неочекувано постхумно збогатување на штедната вокална и видео-ризница на големиот Тоше. На 25-ти јануари родениот ден на Тоше, неговите обожаватели ќе го добијат неговиот неемитуван спот Кристијан, реши семејството Проески, откако завчеравечер го декодираа неговиот миникомпјутер, што го пронајдоа хрватските власти во уништениот Туарег, пренесува ТВ
Канал 5!?!
Во компјутерот има четири комплетно снимени спотови на англиски и 2 на македонски јазик. За овие песни на Тоше не знаеле ниту неговите најблиски соработници, ниту некој од семејството Проески. Откако ги преслушаа во неговиот дом, тие констатираа дека спотовите се снимени на Јамајка и биле негова тајна. Композицијата што прва ќе биде промовирана е посветена на неговиот внук Кристијан, кого тој неизмерно го сакаше. Покрај шесте спотови во мини компјутерот на Тоше има и нова музика, што ја компонирал за три нови песни. Текст побарал од неговиот долгогодишен соработник и композитор Огнен Неделковски. Тој вчера потврди дека седмица пред да загине Тоше, имале средба. но музиката и аранжманското решение не ги слушнал.
Семејството Проески се уште не е подготвено јавно да говори за уцените и продуцентската алчност. Не ги коментираат последните изјави на менаџерската Лилјана Петровиќ, но алудираат на малверзации. При синоќешната посета на екипата на Канал 5 открија и дека по 40-дневниот помен имале дискретна средба со господин господин Стефан и владиците Петар и Климент. Разговарале за понуденото решение за изгледот и за изградбата на меморијалниот комплекс со гробницата на Тоше.
Црквата забележува дека предлог проектот не содржи православни обележја. А, семејството Проески ќе инсистира при внатрешното уредување на гробницата на Тоше да има поголема интимна димензија.
На 15 декември во споменикот Македонијум ќе биде промовирана поштенската марка со ликот на ѕвезденото момче Тоше Проески... – се вели во веста на Канал 5, која вчера беше централна тема во нивните информативни емисии.
IP sačuvana
social share
Ja sam ceo zivot s' tobom
Kao mali pevao
Po skola ma se tuk'o
Tvoje ime branio
Ja jos sam JUGA deo
I ludo volim te
Sa drugovima svojim
Za tebe borim se...
Pogledaj profil
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Moderator
Legenda foruma


Moje ime je Ozymandias.

Zodijak Cancer
Pol Muškarac
Poruke 38906
Zastava Kragujevac
OS
Windows XP
Browser
Mozilla Firefox 2.0.0.11
Nastavite sa postavljanjem vesti na ovoj temi. Ovu zakljucavam jer je dovoljno dugo bila otvorena. Ipak je ovo forum za muzicka desavanja. Lock.
IP sačuvana
social share
Pogledaj profil WWW Twitter
 
Prijava na forum:
Ime:
Lozinka:
Zelim biti prijavljen:
Trajanje:
Registruj nalog:
Ime:
Lozinka:
Ponovi Lozinku:
E-mail:
Idi gore
Stranice:
1 ... 57 58
Počni novu temu Nova anketa Odgovor Štampaj Dodaj temu u favorite Pogledajte svoje poruke u temi
Trenutno vreme je: 16. Apr 2024, 13:46:17
nazadnapred
Prebaci se na:  
Upozorenje:ova tema je zaključana!
Samo administratori i moderatori mogu odgovoriti.
web design

Forum Info: Banneri Foruma :: Burek Toolbar :: Burek Prodavnica :: Burek Quiz :: Najcesca pitanja :: Tim Foruma :: Prijava zloupotrebe

Izvori vesti: Blic :: Wikipedia :: Mondo :: Press :: Naša mreža :: Sportska Centrala :: Glas Javnosti :: Kurir :: Mikro :: B92 Sport :: RTS :: Danas

Prijatelji foruma: Triviador :: Domaci :: Morazzia :: TotalCar :: FTW.rs :: MojaPijaca :: Pojacalo :: 011info :: Burgos :: Alfaprevod

Pravne Informacije: Pravilnik Foruma :: Politika privatnosti :: Uslovi koriscenja :: O nama :: Marketing :: Kontakt :: Sitemap

All content on this website is property of "Burek.com" and, as such, they may not be used on other websites without written permission.

Copyright © 2002- "Burek.com", all rights reserved. Performance: 0.09 sec za 16 q. Powered by: SMF. © 2005, Simple Machines LLC.